Информации за испорака

По направената нарачка, ќе добиете меил за потврда на истата. Само доколку има проблем со достапноста на производите, нашиот оператор ќе Ве исконтактира за 1-2 работни дена. Доколку нарачката е направена во петок или во текот на викендот, операторот ќе Ве исконтактира на почетокот на следната работна недела.

Курирската служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 8-15h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е до 5 работни дена.

За сите нарачки над 1000 денари, испораката е бесплатна за цела Македонија.

За нарачките чија вредност е помала од 1000 денари се плаќа 170 денари за испорака на територијата на Република Македонија.

Доколку е потребна замена на големина која била соодветно испорачана од страна на Спорт М, трошокот за враќање и преземање нова големина го презема самиот купувач.