Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
adidas Running Comfy Crew се спортски чорапи создадени за трчање, обезбедувајќи оптимална удобност, стабилност и вентилација при секој чекор. Со напредни технологии и внимателно поставени зони за амортизација, тие се идеален избор како за интензивни тренинзи, така и за рекреативно трчање. Благодарение на CLIMACOOL технологијата, чорапите ефикасно ја отстрануваат влагата и овозможуваат одлична циркулација на воздухот, одржувајќи ги стапалата свежи и суви. Мрежестите панели на предниот дел дополнително ја подобруваат вентилацијата, додека целосно еластичната конструкција обезбедува сигурно и стабилно прилегање. 3D релјефните елементи во пределот на Ахиловата тетива и средниот дел на стапалото помагаат да се намали притисокот при движење. Дополнително, зоните со амортизирани влакна отпорни на триење во петицата и прстите ја намалуваат иритацијата, а специјалните flex зони над сводот овозможуваат природно движење и помал волумен во обувката.
Клучни карактеристики:
-Спортски чорапи за трчање
-CLIMACOOL технологија за ладење и ефикасно управување со влагата
-Мрежести панели за подобрена вентилација
-Целосно еластична конструкција за сигурно прилегање
-3D релјефни елементи за намалување на притисокот околу Ахиловата тетива и средниот дел на стапалото
-Амортизирани зони со влакна отпорни на триење во петицата и прстите
-Flex зони над сводот за природно движење и помал волумен
-Стратешки поставена амортизација за дополнителна удобност
-Идеални за тренинзи, трки и секојдневно трчање
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.