Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
adidas adi365 Climacool е машка маица за трчање, дизајнирана да одговори на барањата на активни тркачи кои сакаат комфор, свежина и модерен изглед. Со чист и современ дизајн, оваа маица комбинира спортска функционалност со стил погоден и за секојдневно носење. Маицата е изработена со Climacool технологија, која овозможува побрзо одведување и апсорпција на потта, помагајќи телото да остане ладно и суво за време на трчање. Регуларниот крој и кружниот изрез нудат опуштено и удобно прилегање без ограничување на движењето. Изработката од мек материјал обезбедува пријатно чувство на кожата, додека adidas 3-Stripes деталите и рефлективното Performance лого додаваат автентичен спортски изглед и подобра видливост при движење во услови со помала осветленост.
Клучни карактеристики:
-Машка маица за трчање
-Регуларен крој за удобност при движење
-Climacool технологија за свежина и сувост
-Брзо одведување и апсорпција на потта
-Кружен изрез
-Мек материјал
-adidas 3-Stripes дизајн
-Рефлективно Performance лого
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.