Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари

Врзете ги врвките и тргнете во нови авантури. Овие adidas Terrex планинарски патики се дизајнирани за брзо и сигурно движење по предизвикувачки терени. Лесната и агилна конструкција овозможува природно движење, додека водоотпорната GORE-TEX мембрана ги штити стапалата од дожд, кал и влага, без да ја наруши нивната проветреност, притоа овозможувајќи вентилација. LIGHTMOTION EVA средниот дел обезбедува исклучително лесно чувство при секој чекор, нудејќи одлична амортизација и стабилна поддршка дури и на нерамен и каменест терен. Горниот дел е изработен за издржливост и заштита, со материјали кои се спротивставуваат на оштетување при движење по карпи и шуми. Надворешниот ѓон од Continental™ гума гарантира врвно прилегање и контрола, обезбедувајќи сигурен чекор на корења, карпи и цврста подлога, без разлика дали условите се суви или влажни. Овие Terrex патики се создадени за планинари и љубители на природата кои бараат доверлива опрема, удобност и стабилност на секој чекор – од првите метри на патеката до највисоките гребени.
Клучни карактеристики:
-Лесна и агилна конструкција
-GORE-TEX мембрана
-LIGHTMOTION EVA среден дел
-Горен дел од материјали кои се спротиставуваат на оштетување при движење
-Надворешен ѓон од Continental™ гума
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.