Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
adidas Arsenal Home Club е рекреативна фудбалска топка создадена за навивачите кои сакаат да ја донесат енергијата на Emirates стадионот на секој тренинг и натпревар. Со дизајн инспириран од Arsenal и издржлива конструкција, топката е одличен избор за игра со пријателите, тренинг или викенд фудбал. Надворешниот слој е изработен од 100% рециклиран TPU, кој обезбедува мек допир, издржливост и сигурни перформанси при редовна употреба. Машински шиената конструкција придонесува за долготрајност и стабилно чувство при додавање, дриблинг и шутирање. Внатрешната butyl комора овозможува одлично задржување на воздухот, намалувајќи ја потребата од често пумпање. Дополнителната nylon-winded carcass конструкција помага топката да ја задржи својата форма и обезбедува поголема издржливост при игра.
Клучни карактеристики:
-Рекреативна фудбалска топка инспирирана од Arsenal
-Дизајн кој го слави домашниот идентитет на клубот
-Издржлива film конструкција
-Машински шиена конструкција
-Butyl комора за долготрајно задржување на воздухот
-Nylon-winded carcass за подобро задржување на формата и издржливост
-Мек и пријатен допир со топката
-Погодна за тренинг и рекреативна игра
-Препознатлив adidas и Arsenal стил
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.