fb_img
 JD7769

Adidas OTR E AOP SHO M

За возрасни
Шифра на производ: JD7769
30%
3.390,00 ден.
2.373,00 ден.(заштеда 1017 ден.)
или на 3 рати без трошоци по 791,00 ден. со
Водич за големини
  • M
  • L
  • XL
  • Возраст За возрасни
  • Пол Машки
  • Боја Сива
  • Состав 100% Полиетилен терефталат
  • Подгрупа Шорцеви
  • Спорт Трчање
  • Бренд Adidas

Откријте го вашиот нов сојузник на тркачките патеки Adidas Climacool шорцевите за трчање. Изработени од рециклиран материјал , овие шорцеви претставуваат совршен спој на одржливост ,  функционалност и стил. Благодарение на напредната Climacool технологија , која обезбедува оптимална вентилација и управување со влага , останувате суви , свежи и фокусирани без разлика на интензитетот на вашето трчање. Еластичниот појас , вградениот џеб со патент и рефлектирачките детали ги прават идеален избор за рани утрински или доцни вечерни трчања. Освежете ја вашата спортска опрема со Adidas Climacool шорцевите за трчање и уживајте во секој момент поминат на патеката!

 

Клучни карактеристики:

- Climacool технологија која обезбедува ладење и контрола на влага за свежо чувство при секое трчање

- Изработени од рециклиран PET материјал

- Редовен крој кој овозможува совршен баланс помеѓу удобност и перформанси

- Еластичен појас со средна висина

- Вградени внатрешни гаќички

- Заден џеб со патент

- Рефлектирачки детали и логоа

- Лесна ткаенина

- Еко – пријателски производ

 

Враќање на производ

Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.

Избор на курирска служба при враќање на производ

За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.

Замена за нов производ наместо рефундација

Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.

Физичка замена

Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.

Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ

Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.

Рок за враќање на производ

Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.

Потврда за вратен производ

Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.

Рок за рефундирање на средства

Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.

Одбиено барање за рефундација

Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.