fb_img
 IX4056

Adidas UCL MINI

За возрасни
Шифра на производ: IX4056
890,00 ден.
или на 3 рати без трошоци по 297,00 ден. со
Водич за големини
  • 1
  • Возраст За возрасни
  • Пол Унисекс
  • Боја Бела
  • Состав 100% Рециклиран термопластичен уретан
  • Подгрупа Топки
  • Спорт Фудбал
  • Бренд Adidas

Најдобрите европски тимови се среќаваат под ѕвездите за да ја испишат својата фудбалска судбина. Оваа adidas мини топка, со впечатлив дизајн инспириран од официјалната топка за групната фаза на UEFA Champions League, е создадена за забава и стил во секое време. Со јадро од пена, топката е подготвена за игра без потреба од пумпање, што ја прави совршена за спонтана игра или трикови. Графиките инспирирани од астрономски часовници и хороскопски знаци и  даваат уникатен изглед и ја прават одличен сувенир од турнирот, дури и кога не си на терен. Идеална за фанови на фудбалот кои сакаат комбинација од практичност, дизајн и магијата на Лигата на шампионите.

 

Клучни карактеристики:

 

-adidas мини топка

-Дизајн инспириран од официјалната топка за групната фаза на UEFA Champions League

-Јадро од пена

-Нема потреба од пумпање

-Графиките инспирирани од астрономски часовници и хороскопски знаци

 

Враќање на производ

Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.

Избор на курирска служба при враќање на производ

За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.

Замена за нов производ наместо рефундација

Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.

Физичка замена

Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.

Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ

Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.

Рок за враќање на производ

Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.

Потврда за вратен производ

Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.

Рок за рефундирање на средства

Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.

Одбиено барање за рефундација

Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.