Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Бесплатна достава за нарачки над 3990 денари
adidas TERREX SWIFT R3 MID GTX се планинарски патики кои можат да се справат со сè што правите. Дизајнирани за истражување на сите терени, тие имаат водоотпорна GORE-TEX мембрана за заштита од временски услови, за да ги одржувате вашите стапала суви. Горниот дел е отпорен на триење, за издржливост подготвена за авантури. Тие се лесни, со амортизиран среден ѓон и зајакната чашка за петата, така што секој чекор го инспирира следниот додека пешачите, трчате и истражувате по и надвор од патеката. Надворешниот ѓон од Continental™ гума ви овозможува чекорење во сите временски услови. Направени се со серија рециклирани материјали, најмалку 50% рециклирана содржина. Овој производ претставува само едно од решенијата на adidas за да се стави крај на пластичниот отпад.
Клучни карактеристики:
- редовно вклопување
-мрежестиот горен дел
- водоотпорна GORE-TEX мембрана
- лиен чорап
- EVA среден ѓон
- надворешен ѓон од Continental™ гума
- горниот дел содржи минимум 50% рециклирана содржина
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки под 3990 денари, само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.