fb_img
 HT3523

Adidas PERF BTTL 0,5

За возрасни
Шифра на производ: HT3523
490,00 ден.
или на 3 рати без трошоци по 163,00 ден. со
Водич за големини
  • Една големина
    ONESZ
  • Возраст За возрасни
  • Пол Унисекс
  • Боја Тегет
  • Состав 100% Полиетилен
  • Подгрупа Шишиња
  • Спорт Тренинг
  • Бренд Adidas

Откријте го совршениот придружник за секој ваш активен ден кој ќе ви овозможи хидратација , Adidas Performance шишето за вода од 0,5 L, дизајнирано за едноставност , функционалност и стил. Изработено од издржлива пластика без BPA , ова шише гарантира сигурно и безбедно конзумирање на вашиот пијалок секој пат. Со својот широк отвор и капаче со завртување , полнењето и додавањето мраз никогаш не било полесно. Лесниот и практичен дизајн овозможува лесна употреба дури и во движење , а TPU материјалот овозможува удобно пиење без пролевање. По секоја употреба , само ставете го во машина за миење садови и подготвено е повторно за следната авантура. Без разлика дали сте во теретана , на планина или во канцеларија , ова шише е идеалниот избор за активен животен стил!

 

Враќање на производ

Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.

Избор на курирска служба при враќање на производ

За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.

Замена за нов производ наместо рефундација

Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.

Физичка замена

Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.

Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ

Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки под 3990 денари, само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.

Рок за враќање на производ

Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.

Потврда за вратен производ

Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.

Рок за рефундирање на средства

Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.

Одбиено барање за рефундација

Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.

Слични производи

20%
1.090,00 ден.
872,00 ден.
590,00 ден.
490,00 ден.
20%
1.090,00 ден.
872,00 ден.
590,00 ден.
490,00 ден.