Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари

Lightorama Runner се детски патики создадени да го следат бескрајниот ритам и енергија на најмалите. Комбинирајќи препознатлива adidas ДНК со модерен слоевит дизајн, тие нудат лесна удобност и впечатлив изглед за секоја авантура. Горниот дел од текстил со синтетички преклопи обезбедува издржливост и стабилно прилегање, додека Cloudfoam средниот дел нуди исклучително мека амортизација – од првиот чекор до последниот спринт. Синтетичкиот надворешен ѓон гарантира сигурен зафат и стабилност при трчање и игра на различни подлоги. Еластичните врвки и лепенката овозможуваат лесно облекување и соблекување, идеално за активни деца во движење. Вградените LED светла во петата светнуваат при секој чекор, додавајќи дополнителна возбуда и забава. Со иконските три ленти и разиграна колоритна комбинација, овие патики се подеднакво стилски и функционални.
Клучни карактеристики:
-Детски патики со вградени LED светла во петата
-Текстилен горен дел со синтетички зајакнувања
-Cloudfoam среден дел за мека и удобна амортизација
-Синтетички ѓон за стабилност и зафат
-Еластични врвки и лепенка за лесно прилегање
-Разигран дизајн со adidas 3-Stripes
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.