Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
Nike Run Defy се патики за трчање создадени за секојдневни тренинзи со различни дистанци и темпо. Комбинацијата од мека амортизација, вентилиран горен дел и сигурна тракција обезбедува удобно и стабилно чувство од првиот до последниот километар. Горниот дел е изработен од мрежаст материјал, кој овозможува подобра циркулација на воздухот и помага стапалата да останат свежи за време на трчањето. Средниот ѓон од пена обезбедува мека амортизација и удобно чувство при секој чекор. Флексибилните жлебови на ѓонот му овозможуваат на стапалото поприродно да се движи и придонесуваат за помазно и поамортизирано движење. Препознатливиот Nike Waffle надворешен ѓон е изработен од издржлив и флексибилен материјал, обезбедувајќи сигурна тракција и стабилност при трчање.
Клучни карактеристики:
-Патики за трчање
-Вентилиран мрежест горен дел
-Среден ѓон од пена за мека амортизација
-Флексибилни жлебови за поприродно движење
-Nike Waffle надворешен ѓон
-Издржива и флексибилна конструкција
-Сигурна тракција и стабилност
-Погодни за различни дистанци и темпо на трчање
-Тежина: приближно 281 g (машка големина UK 9)
-Пад од пета кон прсти: 10 mm
-Погодни за секојдневно road трчање и тренинг
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.