Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари

Откријте го Butterfly DaViDeLi MAXI тротинетот – совршениот избор за вашето дете кое сака авантура , удобност и стил во едно возење. Овој висококвалитетен скутер е изработен во модерна WATERTRANSFER техника со нанесување на печат на основата , што му дава уникатен и впечатлив изглед. Новиот модел доаѓа со интегрирано LED светло во средината на воланот , кое совршено се вклопува со бојата на гуменото лого на тротинетот и има три режими на трепкање: постојано светло , побавно трепкање и побрзо трепкање , овозможувајќи безбедно и возбудливо возење дури и во услови на намалена видливост. Тротинетот е опремен со светлечки виолетови тркала со димензии 120mm x 30mm и ABEC-7 лежишта , што обезбедуваат стабилност , подолг век на употреба и поголема безбедност во споредба со многу други детски тротинети на пазарот. Дизајниран за деца на возраст од 3+ години , овој тротинет има прилагодлив волан кој лесно се адаптира на различна висина , со што расте заедно со вашето дете. Двете предни тркала овозможуваат одлична рамнотежа и стабилност при возење , а задната ножна сопирачка која се активира со петицата додава дополнителна контрола и сигурност при кочење. Рачките на воланот се меки и удобни , обезбедувајќи пријатно држење и безгрижно уживање во возењето. Butterfly DaViDeLi MAXI е идеален тротинет кој комбинира естетика , иновативност и функционалност , создаден за најмалите авантуристи.
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.