Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари

Движете се низ денот со чувство како да чекорите по облаци со Skechers UNO Glide-Step® – Air Gliders – модел што комбинира иновација, стил и максимална удобност. Со Hands Free Slip-ins® технологијата, обувките се облекуваат без напор, додека Heel Pillow® обезбедува сигурно прилегање. Мрежестиот горниот дел нуди вентилација и лесно чувство, дополнет со No Tie Fit® еластични врвки за практично користење. Во срцето на удобноста е Glide-Step® геометрискиот среден дел, дизајниран да создаде природен импулс при движење – меко слетување и енергично оттурнување. Skech-Air® видливата воздушна единица додава дополнителна амортизација, додека Air-Cooled Memory Foam® влошката обезбедува свежина и меко чувство при секој чекор. Совршен избор за динамичен lifestyle со максимален комфор.
Клучни карактеристики:
-Hands Free Slip-ins® за лесно облекување
-Heel Pillow® за сигурно прилегање
-Glide-Step® midsole за природно движење и енергија
-Skech-Air® видлива воздушна амортизација
-Air-Cooled Memory Foam® влошка за удобност
-No Tie Fit® систем со фиксни врвки
-Вентилиран мрежест горен дел
-Флексибилен ѓон со тракција
-Висина на пета: ~3.8 cm
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.