fb_img

Изјава за приватност

Назад во поддршка

Изјава за приватност

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР

 

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што СПОРТ М ДОО Скопје (во понатамошниот текстСПОРТ МилиКонтролор/от”), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци. 1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци? Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели): - да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории итн.) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имотот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите; - за да се спречи, одврати, и доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и - да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средствата во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: кражба, физички напад итн.). Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица. Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците можат да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага). Камерите за видеонадзор се инсталираат на влезот во деловниот простор и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените /деловните простории (објекти), вклучително и имотот (на пример за паркирање). Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: влезот во продавниците, просторот околу касите, продажниот простор и магацинскиот простор. 2. Какви податоци собира Контролорот? Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање. 3. Кој е одговорен за обработка на податоците? Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кој ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, Наташа Јовановска е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот. 4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор? Контролорот користи опрема за видеонадзор за: - заштита на животот и здравјето на луѓето; - заштита на сопственоста; - заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата; или - обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории. Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, на влезот на СПОРТ М ДОО Скопје, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор. 5. Кој може да ги види моте лични податоци? До видео-записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (пр: членовите на безбедносниот персонал на Контролорот или од ангажираната Агензија за приватно обезбедување). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видеозаписите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција на вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео-записите не може да се пристапи без овластување од страна на СПОРТ М ДОО Скопје. 6. Како да ги контролирате ваштите податоци? Може да испратите барање на info@sport-m.com.mk, адреса ул. Јадранска Магистрала бр. 139.) 7. Можам ли да пристапам до моите податоци? Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до СПОРТ М ДОО Скопје, или преку е-пошта до: info@sport-m.com.mk. 8. Можам ли да ги менувам моите податоци? Не е дозволено изменување на видео-записот на видеонадзор. 9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци? Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на info@sport-m.com.mk, адреса ул. Јадранска Магистрала бр. 139), кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага. 10. Дали можам да ги избришам моите податоци? Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на info@sport-m.com.mk, адреса ул. Јадранска Магистрала бр. 139), кога обработката е незаконска. 11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица? Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ. 12. Дали имам право на приговор? Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на info@sport-m.com.mk, адреса ул. Јадранска Магистрала бр. 139), кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето. 13. Што можат да направам во случај на проблем? А) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до info@sport-m.com.mk и да побарате да преземе акција. Б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте го нашиот офицер за заштита на лични податоци на natasa.jovanovska@sport-m.com.mk. В) Во секое време може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи во вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки. 14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор? Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот. 15. Безбедност на личните податоци Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина. 16. Колку долго ги чуваме вашите податоци? Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци најдоцна 30(триесет) календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видео-записи автоматски се бришат.   

Ви треба помош? Тука сме за вас