ЗА НАС
Основна дејност на компанијата
Спорт М е компанија основана во 2004-та година со домашен капитал и во моментов работи само на територијата на Република Македонија.
Основна дејност на компанијата се увоз, дистрибуција и продажба на спортска опрема.
Спорт М е ексклузивен дистрибутер на Adidas за Македонија од 2006-та година и претставува водечка малорподажна мрежа на спортска опрема на оваа територија.
Покрај Adidas како водечки бренд на компанијата, Спорт М е ексклузивен дистрибутер и на други светски познати брендови како што се: Puma, Salomon, Atomic,
Speedo, 4F, Outhorn и Color Kids.
Покрај овие брендови, Спорт М е овластен дистрибутер на: Nike, Lacoste, Vans, Timberland, Under Armour, Gri Sport, Fila, Reebok, Converse, Rider и Ipanema.
Малопродажната мрежа ја сочинуваат 23 продавници од кои: 5 се Adidas store, 15 се мултибренд продавници и 3 аутлет центри.
Цел и Стратегија
Целта на Спорт М е да понуди најдобри производи со непобедливи цени.
Компанијата ќе понуди добар, квалитетен производ и колку е можно подобра услуга, со цел купувачот да го добие она што го посакува и сѐ со цел да се оствари
колку е можно подобра и подолгорочна комуникација. Во исто време, компанијата ќе биде водена од коректно и професионално однесување кон своите клиенти во
насока на одговорно водење на бизнисот.